Владо Бучковски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Владо Бучковски (роден 2 декември, 1962 во Скопје) е поранешен премиер на Република Македонија и поранешен претседател на СДСМ.
[уреди] Научна кариера
д-р Владо Бучковски дипломира на Правниот факултет - правосудна насока во 1986, а магистрира во 1991. Во 1998 докторира на тема “Римско и современо заложно право”.
Од 1987 до 1988 година Бучковски работи како стручен соработник во Собранието на Република Македонија. Во 1988 година преминува на Правниот факултет во Скопје, каде до 1998 година работи како асистент. Во 1998 е избран за доцент по предметот Римско право, а во 2003 година е избран за вонреден професор.
[уреди] Политичка кариера
Во периодот од 1998 до 2000 година Бучковски е член на Државната изборна комисија, а од 2000 до 2001 година е претседавач на Советот на град Скопје.
Во периодот од 13 мај до 26 ноември 2001 година тој е министер за одбрана во широката коалициска влада.
По победата на СДСМ и на неговите коалициони партнери на парламентарните избори во 2002 година, на 1 ноември 2002 година Бучковски станува член на Владата на Република Македонија и ја врши функцијата министер за одбрана. На оваа функција е до декември 2004 година.
На 15 септември 2003 година стана претседател на Правниот совет на Владата.
На 26 ноември 2004 е избран за лидер на СДСМ. Истиот ден му е доверен мандатот да формира нова Влада по оставката на претходниот премиер Хари Костов, а на 15 декември 2004 година Парламентот го избра за претседател на Владата на Република Македонија, функција која ја извршува до август 2006-та.
Под негово водство коалицијата За Македонија заедно, предводена од СДСМ, доживува пораз на парламентарните избори во 2006 година. По изборниот пораз од Бучковски беше побарано да поднесе оставка на функцијата претседател на СДСМ, но тој тоа го одбива. Сепак, на конференцијата на партијата одржана на 7 октомври на Бучковски му е изгласана недоверба и тој беше принуден да се повлече од претседателското место во СДСМ.
Претходник: Хари Костов |
Премиер на Република Македонија 2004–2006 |
Наследник: Никола Груевски |
Претходник: Љубен Пауновски |
Министер за одбрана на Република Македонија 2001-2001 и 2002–2004 |
Наследник: Јован Манасиевски |
Премиери на Република Македонија | |
Никола Кљусев | Бранко Црвенковски | Љубчо Георгиевски | Бранко Црвенковски | Радмила Шекеринска (вршител) | Хари Костов | Радмила Шекеринска (вршител) | Владо Бучковски | Никола Груевски |
Министри за одбрана на Република Македонија | |
Трајан Гоцевски | Владо Поповски | Благој Ханџиски | Лазар Китановски | Никола Кљусев | Љубен Пауновски | Владо Бучковски | Јован Манасиевски | Лазар Еленовски |