Новото камено време (Неолит)
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Види исто така:Камено време
Најраните траги од животот на луѓето во Македонија потекнуваат уште од далечното ново камено време (неолитот). Според археолошките наоди во овој период луѓето веќе имале постојани живеалишта и се занимавале со примитивно земјоделство ширено од анадолското подрачје кон Балканот, а се среќава и почетно сточарство. Изработувале примитивни домашни ракотворби и се занимавале со грнчарство. Тоа било време кога овие пражители на Македонија го напуштале дивјаштвото и навлегле во поразвиениот период на варварството.
Најпознато наоѓалиште од овој период е Вршник кај с. Таринци, (Штипско). Тие луѓе главно се занимавале со земјоделство, а користеле мазнети камени секири и праќа, од која исфрлале јајчести камени топки од глина. Користеле и глинени садови со повеќе ногалки.
Неолитот во Пелагонија е познат по повеќе наоѓалишта од Велушко - породинската група, која се одликува со камени, коскени орудија и глинени предмети, од груба до орнаментирана керамика и садови жртвеници сврзани за култот и религиозните верувања. Слични наоѓалишта откриени се и во Охридско.
Кога Македонија ја зафатиле миграциите од среднојадранските области, тоа довело до формирањето на таканаречената Трнска група во Пелагонија, според наодите во Трн, каде е пронајдена разновидна орнаментирана керамика.
А од преодниот период меѓу неолитот (ново камено време) и бронзеното време ((од метално време) во Пелагонија се наодите во Шуплевац - Бакарно Гумно. Во тој период започнале продирањата на индоевропските племиња од руските степи (Карпатските области) преку Поморавјето до Македонија. Во повеќе бранови тие продреле и во Пелагонија, од кое време се наодите во Карамани, Црнобуки, Висок Рид (кај Букри) и Висои (кај Ново Змирнево).