СИ-ДО
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
СИ-ДО, битолскиот детски музички фестивал се роди како резултат на долгогодишната музичка традиција на Битола. Имено, во изминатиот половина век, па сè до денес, во Битола делуваа неколку организации и асоцијации кои што непосредно се ангажирани со грижата за воспитување на децата. Една од тие организации е пионерскиот центар (некогашниот пионерски дом).
[уреди] Историја
На иницијатива на оваа организација уште пред повеќе од две децении секоја година беше организирана една широка музичка приредба под името „Одбираме музички таленти“. На неа учествуваа деца од детските градинки и основните училишта кои имаа желба да пејат и да се натпреваруваат за најдобри пејачи помеѓу своите врсници. Интересот беше необично голем и имаше масовен одзив кај децата од сите возрасти. Организатори беа: пионерскиот дом, тогашната културно-просветна заедница, музичкото училиште и домот на културата на Битола како и некои други општествени организации и поединци. Од 1978 година манифестацијата беше наречена „Дете-фест ДО-РЕ-МИ“. Ова манифестација беше реализирана во спорската хала, а за уметничко-звучната продукција специјално беше ангажиран Славе Димитров кој за оваа прилика состави ревијски оркестар и тоа од врвни музичари (претежно битолчани)кои специјално за оваа прилика допатуваа во Битола од разни краишта на тогашна Југославија со што (бесплатно)му се оддолжија на својот град. Ова едниствено издание на Дете-фест ДО-РЕ-МИ“ како редок настан беше во живо пренесуван на програмите на ЈРТ со посрдство ма Македонската телевизија, додека во музичките студија на Радио Скопје беа направени снимки на сите изведени песни... Во 1991 година ова манифестација го добива денешното, многу популарно име Дете-фест „СИ-ДО“ или скратено само СИ-ДО, во чест на името на познатиот битолски музички педагог, композитор и диригент Петар Сидовски кој почина во тој период. Детскиот музички фестивал „СИ-ДО“, во 1998 година се одржува по осми пат. Во сите тие години, во месец мај, во преполнетата голема сала на домот на културата дефилираа над стотина деца годишно - како солисти така и членови на детскиот фестивалски хор. За ова, посебен придонес имаа битолските композитори на детската музика: Петар Сидовски, Кире Костов, Славе Димитров, Петар Ѓорѓиев - Калица, Кирил Тодоровски, Милко Лозановски, Миодраг и Марјан Нечак, Снежана Наумовска како диригент и многу други музички педагози, организатори, директори на организации и друго. Некои од музичките надарени деца учесници на овој фестивал, денес се познати пејачи на македонската естрада. Ќе останат во сеќавање повеќе детски песни во македонската музичка антологија кои за првпат беа испејани на овој фестивал: „Супер бабичка“ и „Метро и жилет“ (Миодраг Нечак), „Наташа од трето три“ (Драган Каранфиловски-Бојс), „Без другар тешко е“ (Љ.Мирковски), „Анушка“ (Ристо Самарџиев), „Амадеус, Амадеус“ (Марјан Нечак) и уште многу други. Денес, овој детски музички фестивал има значјно место во културниот живот на градот, како и многу поклоници на овој вид музика, посебно кај најмладите.