Хлорофил
Од Википедија, слободна енциклопедија
Хлорофилот е најважен растителен фотосинтетски пигмент со зелена боја. Синтезата на хлорофилот (кој има сложени и специфични молекули) се врши кога има сончева светлина и железо.
Молекулот на хлорофилот содржи едно порфиринско јадро што е изградено од четири пиролови прстени, во средината комплексно сврзани со еден атом на магнезиумот. Карбоксилната група од третиот пиролов прстен е естерифицирана со метил алкохол, а карбоксилната група од четвртиот пиролов прстен е естерифицирана со фитол.
Хлорофилот во растителниот свет е застапен со неколку видови, и тоа:
- Хлорофил (А), кој претставува основен активен фотосинтетски пигмент (својствен за сите зелени растенија)
и
- Хлорофил (B)
- Хлорофил (C)
- Хлорофил (D)
- Хлорофил (E), кои апсорбираната светлинска енергија ја пренесуваат на основниот хлорофил (А) и затоа се само помошни пигменти.
Хлорофилот, пак, кој се наоѓа во некои автотрофни бактерии, се нарекува бактериохлорофил.