Азо соединение
Од Википедија, слободна енциклопедија
Во хемијата, азо соединенијата главно имаат молекулска формула од видот R-N=N-R', во која R и R' можат да бидат или ароматични или алифатични. N=N групата се нарекува азо или диимидна функционална група. Ова помага да се стабилизира N=N групата, правејќи ја дел на продолжен делокализиран систем. Ова исто така има ефект на обојувањето на многу азо соединенија, бидејќи делокализираните или конјугираните системи често апсорбираат видливи фреквенции на светлина.
Името "азо" доаѓа од името на азотот, кое е изведено од грчкото а (не) + зое (живее). Ароматичните азо соединенија (R = R' = ароматично) се обично стабилни и имаат живописни бои како црвена, портокалова и жолта. Поради тоа тие се користат како бои, кои се викаат азо бои. Некои азо соединенија, на пример метил оранж, можат исто така да се користат како киселинско-базни индикатори, како резултат на можноста да функционираат како слаби киселини и поради различните бои на киселинските сол формите. Азобензенот е друго типично ароматично азо соединение.