Ангелко Крстиќ
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ангелко Крстиќ е поет, раскажувач, романсиер и драмски автор. Роден во с. Лабуништа, Струшко на 1 ноември 1871 година. Починал во родното село на 6 мај 1952 година. Ја завршил Подготвителната учителска школа во Белград во 1889 година. Од 1890 година учителствувал во селата на планината Јабланица. Првиот литературен прилог го објавил во „Цариградски весник“ под псевдонимот „Дримколец“ во 1904 година. Добитник е на наградата на Академијата на седумте уметности во Белград во 1934 година.
Ангелко Крстиќ пишувал на српски јазик.
[уреди] Литературно творештво
- Раскази (прва книга, Белград, 1932)
- Трајан (роман, Скопје, 1932)
- Заточеници (драма, 1937) - премиерно изведена во Скопското народно позориште на 12 септември 1937 година
- Раскази (втора книга, Белград, 1951)