Гаутенг
Од Википедија, слободна енциклопедија
Гаутенг | |
---|---|
Површина | 17,010 km² |
Население | 8,837,172 |
Јазици: | Зулу (21.5%) Африканс (14.4%) Сесото (13.1%) Англиски (12.5%) |
Раси: | Црнци (73.8%) Белци (19.9%) Обоени (3.8%) Азијатци (2.5%) |
Главен град: | Јоханесбург |
Најголем град: | Јоханесбург |
Премиер: | Мбхазима Шилова (АНК) |
Гаутенг е провинција во Јужноафриканската Република. Провинцијата е формирана од делови на старата провинција Трансвал по првите слободни избори (за сите раси) на 27 април, 1994. Оваа провинција прво била именувана како Преторија-Витватерсранд-Веренигинг, а прекрстена е во Гаутенг во декември 1994.
Гаутенг се наоѓа во срцето на Хајвелд. Тој е најмалата провинција во ЈАР со само 1.4% од вкупната копнена површина, но е доста урбанизирана и има 8,837,178 жители, што ја прави втора најголема, по Натал.
Името "Гаутенг" доаѓа од сесотската фраза која значи место со злато, а се однесува на успешната индустрија со злато која датира од пронаоѓањето на злато близу Јоханесбург во 1886.
Најјужната граница на Гаутенг е реката Ваал која го дели од Фристејт, а исто така граничи и со Северозападната Провинција, Лимпопо и Мпумаланга. Од административна гледна точка, Гаутенг е поделен на 3 метрополитенски општини и 3 областни општини (кои се поделени на 8 локални општини).
Јужноафрикански провинции |
---|
Гаутенг - Западен Кејп - Источен Кејп - Лимпопо - Мпумаланга - Натал - Северен Кејп - Северозапад - Фристејт |