Готлоб Фреге
Од Википедија, слободна енциклопедија
Фридрих Лудвиг Готлоб Фреге (Friedrich Ludwig Gottlob Frege) (1848 - 1925), германски математичар, логичар и философ. Еден од оснивачите на модерната математичка логика и аналитичка философија. Се смета за еден од најголемите логичари на сите времиња.
Најголемиот дел од својата научна кариера го поминал на универзитетот во Јен. Држел предавања од многу области, на пример по математика држел предавања по аналитичка геометрија, диференцијални равенки, механика, и покрај тоа што поголемиот дел од неговите математички трудови бил од областа на логиката. Најзначајните трудови му биле од областите логика, математичка философија и философија на јазикот. Една позната реченица на Фреге е: „Секој добар математичар е барем половина философ, а секој добар философ е барем половина математичар.“
Во 1879, Фреге ја конструирал првата варијанта на предикатното сметање. Таа била многу слична на денешната, и покра тоа што Фреге користел друга нотација. Фрегеовото открите за квантификаторот кој врзува променливи, се смета за едно од најголемите откритија на 20-иот век.
Фреге сакал да покаже дека целокупната математика може да се сведе на логика, но во тоа не успеал. Развил специфична философија на јазикот која и денеска многу философи ја сметаат значајна.