Кносос
Од Википедија, слободна енциклопедија
Кносос е најстариот антички град на северниот брег на островот Крит. Во него цветала предхеленската, миноска култура во периодот од околу 2300-1400 п.н.е. Во Кносос е откопан величествен владетелски двор во чии остатоци се пронајдени ѕидни слики, земјени садови и разни предмети од камен и метал.