Web Analytics

See also ebooksgratis.com: no banners, no cookies, totally FREE.

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Марија Кири - Википедија

Марија Кири

Од Википедија, слободна енциклопедија

Марија Склодовска – Кири (7.11.1867- 4.07.1934) е полско-француски физичар и хемичар. Таа е пионер во областа на радиоактивноста, а подоцна станува првиот двократен доботник на Нобеловата награда (единствена жена) и единствениот добитник на Нобеловата награда во две различни области на науката – физика и хемија. Таа, исто така, е првата жена што била поканета да предава на Универзитетот „Сорбона“ во Париз. Родена е во Варшава, каде што го поминува детството, но во 1891, на возраст од 24 години, се преселува во Франција да студира природни науки во Париз. Таму ги добива сите свои универзитетски дипломи и ја развива својата научна кариера, со што станува натурализиран граѓанин на Франција. Основач е на институтите „Кири“ во Париз и во Варшава.

[уреди] Биографија

Родена во Варшава, Полска, во тоа време под власт на Руското Царство, нејзиното детство било тажно, обележано со смртта на нејзината сестра (починала од тифус), а по четири години и на нејзината мајка. Било забележано дека има неверојатно помнење и способност за исцрпувачка работа, занемарувајќи ги дури и храната и спиењето за време на учењето. После матурирањето на само петнаесетгодишна возраст, била потполно исцрпена и била испратена на село за да закрепне. Поради тоа што била женско, како и поради руските (анти-полски) репресии по Јануарското Востание од 1863 година, не и било дозволено да се запише на ниту еден универзитет, така што неколку години била принудена да работи како гувернанта и да го посетува нелегалниот т.н. „Летечки Универзитет“. Конечно, со финансиска помош од нејзината постара сестра Брониа, се преселила во Париз. Посетувала приватен женски колеџ, а потоа студирала физика и математика на „Сорбона“ и завршила прва во генерацијата, во пролетта 1893 година. Една година подоцна, магистрирала на математика, исто така на „Сорбона“. Под менторство на Анри Бекерел, во 1903 година докторирала на Високата школа за индустриска физика и хемија во Париз, како прва жена – доктор на науки во Франција.

На „Сорбона“ го запознала, а подоцна и се омажила за Пјер Кири. Заедно, ги проучувале радиоактивните материјали, особено минералот уранинит, кој имал необично својство да биде порадиоактивен од ураниумот што се добивал од него. До 1898 година, веќе извлекле логично објаснување: минералот сигурно содржел примеси од некоја непозната радиоактивна супстанца, која што била многу порадиоактивна од ураниумот. Така, на 26 декември, Марија Кири го објавила постоењето на оваа нова супстанца. По неколкугодишна непрекината работа, рафинирале неколку тони од минералот, изолирајќи, на тој начин, радиум хлорид (на 20 април 1902 година), како и два нови хемиски елементи. Првиот го нарекле полониум, во чест на родната земја на Марија, а другиот радиум, поради интензивната радиоактивност.

Заедно со Пјер Кири и Анри Бекерел, ја добила Нобеловата награда за физика во 1903 година, „како признание за исклучителниот придонес во нивното заедничко истражување на феноменот на радиоактивноста откриен од Проф. Анри Бекерел“. Така, таа станала првата жена добитник на Нобеловата награда. Осум години подоцна, ја добила и Нобеловата награда за хемија во 1911 година, „како признание за нејзиниот придонес за напредокот на хемијата со откривањето на елементите радиум и полониум, со изолирањето на радиумот и со проучувањето на својствата и соединенијата на овој значаен хемиски елемент“. Необично, но намерно, Марија Кири не го патентирала процесот на изолирање на радиумот, со цел научните кругови да можат непречено да истражуваат.

Само еден месец по добивањето на Нобеловата награда, била хоспитализирана поради депресија и проблеми со бубрезите. Инаку, во 1910 година, во чест на нејзиниот сопруг кој бил прегазен од кочија четири години порано (на 19 април 1906 година во Париз), основната единица за мерење на радиоактивноста била наречена кири.

Во 1921 година, триумфално пречекана, пропатувала низ САД со цел да обезбеди средства за истражување на радиумот. Во подоцнежните години, била длабоко разочарана од мноштвото лекари и производители на козметика кои користеле радиоактивен материјал без посебни мерки на претпазливост.

Причина за нејзината смрт во 1934 година (во местото Санселемó, на југо-истокот на Франција) била апластична анемија (слабокрвност), како последица од прекумерното озрачување во текот на нејзината работа, во период кога за штетните ефекти од радијацијата не се знаело доволно. Имено, често пати, по џебовите носела стаклени садови полни со радиоактивни изотопи, а знаела да зборува и за „прекрасната сино-зелена светлина што ја оддавале металите во мрак“.

По смртта била погребана во истите гробишта во кои почивал и Пјер Кири, но во април 1995 година, во чест на големите достигнувања, посмртните останки им биле пренесени во Пантеон во Париз, помеѓу најславните личности од француската историја. И, повторно, Марија Кири е првата жена погребана во Пантеон, во знак на признание за нејзиното дело.

Ќерката на Пјер и Марија Кири, Ирена Жолио – Кири, и зетот Фредерик Жолио – Кири биле, исто така, физичари кои се занимавале со изучување на радиоактивноста и станале добитници на Нобеловата награда за хемија во 1935 година. Помладата ќерка, Ева, ја напишала и објавила биографијата на својата мајка, под наслов „Мадам Кири“.

Static Wikipedia (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2007 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2006 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu

Static Wikipedia February 2008 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu