Сумерска архитектура
Од Википедија, слободна енциклопедија
Историја на западната архитектура |
Неолитска архитектура |
Староегипетска архитектура |
Сумерска архитектура |
Класична архитектура |
Старогрчка архитектура |
Римска архитектура |
Византиска архитектура |
Отоманска архитектура |
Средновековна архитектура |
Романескна архитектура |
Готска архитектура |
Ренесансна архитектура |
Барокна архитектура |
Неокласична архитектура |
Џорџијанска архитектура |
Италовидна архитектура |
Грчка преродба |
Готска преродба |
Стил на кралицата Ана |
Модернистичка архитектура |
Постмодерна архитектура |
Поврзани статии |
Уредете ја оваа кутија |
Рамнината помеѓу Тигар и Еуфрат немала минерали и дрвја. Сумерските градби се план-конвексни глинени тули, без врзивен материјал како малтер или цемент. Бидејќи плано-конвексните тули (заради тоа што се заоблени) се однесуваат нестабилно, на секои неколку реда тули сумерските градители ставале еден ред поставен нормално на нив. Празнините се популнувале со битумен, сено, барски трски и плевел.
По извесно време ваквите градби се изјаловувале, и затоа биле повремено рушени, зарамнувани, и повторно градени на исто место. Ова постојано преградување полека ја накачило висината на градовите, и така тие станале повисоки од околната рамнина. Ваквите брда се нарекуваат телови и ги среќаваме ширум античкиот Близок Исток. Сумерските цилиндрични печати исто така на нив прикажуваат куќи кои се градат од трска, слични на оние до скоро градени од барските арапи во јужен Ирак .
Сумерските храмови и палати се правеле од понапредни материјали и техники, како потпирачи, вдлабнувања, полустолбови и глинени клинци.
Во сумерската култура писарите играле важна улога, и тие ја запушувале изградбата која се изведувала за владата, благородништвото и кралското семејство.
[уреди] Зигурати
Најславните и импресивните сумерски градби се зигуратите - големи платформи со тераси на нивоа со храм на врвот. Зигуратите служеле каок инспирација за Вавилонската кула во Библијата (видете Етеменанки).
Зигуратите типични за Убаидскиот период биле градени многу високо на платформа од глинени тули. На овие големи платфрми биле градени постепено помали и помалки концентрични платформи, иако понекогаш се граделе и приземни храмови типични за протописмениот перидо. Овие биле слични на некои современи згради во облик на зигурати. Многу храмови биле испишувани со натписи, како оние кај Укаир.
[уреди] Видете исто така
- Уметност и архитектура во Вавилонија и Асирија