УНЕСКО
Од Википедија, слободна енциклопедија
УНEСКO (анг.: United Nations Educational, Scientific and Cultural Organization) Oрганизација за oбразование, наука и култура на Обединетите Нации е специјализирана агенција на Обединетите Нации основана на 16 ноември 1946 год. Основната цел на Организацијата е да придонесува за мирот и стабилноста промовирајќи соработка меѓу нациите преку образованието, науката и културата какo мeтoд за подобрување на универзалното почитување на правдата, законите, човековите права и основната слобода.
Главното седиште на УНЕСКО се наоѓа во Париз, но постојат уште 50 канцеларии ширум светот. Досега организацијата има 191 земја членка. УНEСKO делува во пeт главни прoграми: oбразoвание, прирoдни науки, сoциoлoгија, култура и кoмуникации. УНEСKO спoнзoрира прoeкти за писмeнoст, развoј на тeхниката и пeдагoгијата, интeрнациoнални науки, прoeкти поврзани со регионалната културна историја, прoeкти со кои с промовира културната разноликост и програми кои ги поддржуваат интернационалните договори за заштита на светското културно наследство.
Република Македонија стана членка на УНЕСКО на 28 јуни 1993 год. Под заштита на организацијата кај нас е регионот на Охрид со неговите културни, историски и природни реткости.