ФИФА Светско Првенство Маскоти
Од Википедија, слободна енциклопедија
Секое ФИФА Светско Првенство во Фудбал обично има своја [[маскота]'. World Cup Willie, маскотата за Светското Првенство во Фудбал 1966 беше првата маскота на Светските Првенства, и една од првите маскоти поврзани за некој голем спортски настан. Дизајнот на маскотата прикажува некоја специфична карактеристика (изглед, флора, фауна и сл.) на земјата домаќин.
Светско Првенство | Маскота(и) | Опис |
Англија 1966 |
World Cup Willie |
Лав, типичен симбол на Велика Британија, како носи Union Jack дрес со зборовите „WORLD CUP“. |
Мексико 1970 |
Juanito |
Дете како носи дрес на Мексико и сомбреро (со зборовите "MEXICO 70"). Неговото име е деминутив од Хуан, често име во шпанскиот јазик. |
Западна Германија 1974 |
Tip и Tap |
Две деца како носат дресови на Западна Германија, со буквите (Weltmeisterschaft, Светско Првенство) и број 74. |
Аргентина 1978 |
Gauchito |
Дете како носи дрес на Аргентина. Неговата капа (со зборовите ARGENTINA '78), шал и камшик се типични за гаучосите. |
Шпанија 1982 |
Naranjito |
Портокал, типично овошје за Шпанија, како носи дрес на домаќинот. Името доаѓа од naranja, шпански за портокал, и деминитивната наставка "-ito". |
Mexico 1986 |
Pique |
Халапињо пиперка, карактеристика на мексиканската кујна, со мустаќи и сомбреро. Името доаѓа од picante, шпански за зачинета пиперка и сосови. |
Италија 1990 |
Ciao |
Цртана фигура на играч со глава - фудбалска топка и тело во 3 бои. Името е познат италијански поздрав. |
САД 1994 |
Striker |
Куче, како носи црвено, бело, син дрес со зборовите „USA 94“. |
Франција 1998 |
Footix |
Петел, типичен симбол на Франција, со зборовите „FRANCE 98“ на градите. Телото е најмногу сино, како дресот на земјата-домаќин, а името е portmanteau од "football" и завршетокот "-ix" од популарниот стрип Астерикс. |
Кореа/Јапонија 2002 |
Ato, Kaz и Nik (The Spheriks) |
Портокалови, виолетови и сини (соодветно) футуристички, компјутерски-создадени суштества. Членови се на тимот „Atmoball“ (измислен спорт сличен на фудбал), Ato е тренер додека Kaz и Nik се играчи. Трите индивидуални имиња се избрани според предлози на корисници на Интернет и купувачи во McDonald's во земјите домаќини. |
Германија 2006 |
Goleo VI |
Лав како носи дрес на Германија со број 06 и фудбалска топка што зборува. |