Хардвер
Од Википедија, слободна енциклопедија
Машинскиот дел или хардвер како ќе биде конфигуриран, зависи од намената на персоналниот компјутер и од задачите кои треба да ги извршува. Уредите (единиците) кои што можат да влезат во конфигурацијата на машинскиот дел можат да се поделат во следните групи:
- Централна единица
- Влезно/Излезни единици
- Надворешни мемории
- Останати елементи - куќиштата во кои се сместени единиците, електичен трансформатор (кој се наоѓа во куќиштето и кој го трансформира високиот напон на електричната мрежа во низок), изворите за напојување, разни кабли, специјални маси и подлоги итн.)