Јаглеводород
Од Википедија, слободна енциклопедија
Јаглеводород е секое органско хемиско соединение кое се состои од елементите јаглерод (С) и водород (Н). Сите јаглеводороди имаат јаглероден скелет (или 'рбет) и водородни атоми сврзани за тој скелет. Повеќето јаглеводороди согоруваат.
[уреди] Примери на јаглеводороди
Најпростиот јаглеводород е метанот (нарекуван и барски/руден гас), јаглеводород со еден јаглероден атом и четири водородни атоми: CH4. Етанот е јаглеводород (поконкретно алкан) кој се состои од два јаглеродни атоми сврзани заедно со единечна хемиска врска. На двата С-атоми во етанот има сврзано по три водородни атоми: C2H6. Пропанот има три јаглеродни атоми (C3H8), а бутанот има четири јаглеродни атоми (C4H10).
[уреди] Три типови на јаглеводороди
Постојат три основни типови на јаглеводороди:
- ароматични јаглеводороди, кои имаат барем еден ароматичен прстен.
- заситени јаглеводорди, исто така познати како алкани, кои немаат ни двојна, ни тројна или ароматична врска.
- незаситени јаглеводороди, кои имаат една или повеќе двојни или тројни врски помеѓу јаглеродните атоми, а се поделени на:
[уреди] Број на водородни атоми
Бројот на водородните атоми кај јаглеводородите може да се дознае доколку бројот на јаглеродните атоми е познат, со користење на формулите:
- Алкани: CnH2n+2
- Алкени: CnH2n (за оние кои имаат само една двојна врска)
- Алкини: CnH2n-2 (за оние кои имаат само една тројна врска)
- Циклични јаглеводороди: CnH2n
Секој од овие јаглеводороди мора да го задоволува правилото на 4 водородни атоми кое гласи дека сите јаглеродни атоми мораат да го поседуваат најголемиот број на водородни атоми (границата е четири). Еден јаглероден атом има сврзувачки капацитет 4 и затоа мора да остварува 4 врски, без разлика на тоа дали ќе сврзува водороден или друг јаглероден атом. Треба да се забележи и дека додатна врска отстранува 2 водородни атоми од молекулата и само заситените јаглеводорди можат да ја остварат полната четворка. Ова се случува како резултат на единствените позиции на јаглеродните четири електрони.