Џон Констабл
Од Википедија, слободна енциклопедија
Џон Констабл (11 Јуни, 1776 – 31 Март, 1837) е британски уметник. Роден е во Источен Бергхолт, село крај реката Стаур во Сафолк, Англија. Татко му бил богат трговец со пченка и Констабл работел кај татко му по завршувањето на училиштето. Меѓутоа наскро сфатил дека не е за тој бизнис и отишол да студира во Лондон. Ја изложил својата прва слика во 1802 год.
Констабл е познат по своите пејзажи, иако за врем на неговиот живот продал само 20 слики и не бил избран за член на Кралската Академија сè до 52 годишна возраст, само 8 години пред неговата смрт. Во тоа време, неговите дела биле повеќе ценети во Франција, а неговото дело Кола сено било изложено во парискиот салон во 1824 год.
Областа Дедхамска долина во Сафолк е позната како Констаблов регион. Поглед на Флетфордската воденица, е предмет на една од неговите слики, Кола сено. Таа била во сопственост на неговиот татко, богат мелничар. Блиската Колиба Бриџ е во сопственост на Националниот фонд.
Констабл бил заљубен во Марија Бикнел, локална девојка чиј татко, кој бил адвокат кој се познавал со кралот и кој не го сметал Констабл за достоен на неговата ќерка. По пет години, тој конечно дал дозвола за брак во 1816 год. По раѓањето на седум деца, Марија умрела од (туберкулоза) во 1829, настан кој влијаел погубно за нејзиниот маж.
Францускиот уметник Делакроа и Барбизонската школа биле повлијаени од Констабл и почнале да скицираат на отворено како него. Француските импресионисти исто така ги базирале своите техники за фаќање на разни светлини на него.