Апостол Павле
Од Википедија, слободна енциклопедија
Апостол Павле, или претходно познат како Савле. Познат како тринаесетти Христов апостол. Тој бил роден во Тарс, во фарисејско семејство, но се здобил и со римско државјанство (Дела 23:6). Пораснал во Ерусалим. Се занимавал со изработка на шатори. Од рабинот Гамалиел бил учен на фарисејството, а станал и еден од главните членови на антихристијанскиот еврејски совет, во чии активности спаѓа и убиството на Стефан, кое го одобрувал и самиот Павле.
[уреди] Тој е познат и како човек на виденија. Во Нов Завет се запишани седум Павлови виденија:
- видението на Христос (Дела 9:3-6; 26:13-15)
- видението на Македонецот (Дела 16:9) (По ова видение апостол Павле веднаш тргнал за пат кон земјата на Македонците. Неговата тамошна мисија на проповедање на Евангелието поттикнала големо шириње на христијанството од Македонија кон цела Европа предводена од Македонците кои ја прифатиле верата)
- видението за сведочење (Дела 18:9)
- видението на предупредување (Дела 22:18)
- видението за евангелизација на главниот град, Рим (Дела 23:11)
- видението на охрабрување пред бродолом (Дела 27:23)
- видението за рајот (2 Кор. 12:1-4)
Послушноста спрема овие виденија е клучот на успехот на Павловата христијанска мисија. Кога во видение се соочил со Христос, на патот за Дамаск, од корен се променил и станал Христов следбеник и еден од дванаесетмина апостоли (Дела 9:1-31; Гал. 1:1-24). Како апостол е најпознат по тоа што е писател на голем дел од Новиот Завет, како и по своите мисионерски патувања низ целата Римска Империја, од Антиохија, преку Коринт, Ефес и многу други места, па сè до главниот град, Рим.
Шаблон:Portalpar
[уреди] Надворешни линкови
- Epistles of Apostle Paul Бискуп Александар (Православна перспектива)
- Апостол и поет: Павле и Аратус Dr. Riemer Faber
- Еврејска енциклопедија: Саул од Тарс
- Ватикански извештаи