Без’рбетници
Од Википедија, слободна енциклопедија
Без‘рбетниците (лат. Invertebrata) се група на животни во која спаѓаат најголемиот број од сите животни, односно три четвртини од сите. Тоа се многуклеточни животни, наречени уште и метазои. Кај нив клетките се специјализирани по својата функција и тоа довело до создавање ткива, освен кај сунѓерите. Без‘рбетниците се поделени во две подгрупи:
- Бесткивни животни, во кои спаѓаат сунѓерите
- Ткивни животни, во кои се вклучени сите останати без‘рбетници.