Бугарски јазик
Од Википедија, слободна енциклопедија
Бугарски јазик (Български език) | |
---|---|
Се зборува во: | Бугарија, Грција, Молдавија, Србија, Романија, Турција и во емигрантските заедници во други земји. |
Реон: | Југоисточна Европа |
Општ број на говорници: | 10 милиони вклучувајќи 1,5-2 милиони за кои бугарскиот е втор јазик |
Ранглиста: | 88 позиција |
Класификација: | Индоевропски Словенски |
Официјална положба | |
Официјален јазик: | Бугарија |
Контролиран од: | Институт за бугарски јазик |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | bg |
ISO 639-2 | bul |
SIL | BUL |
Бугарскиот јазик спаѓа во источната група на јужните словенски јазици и е официјален јазик во Република Бугарија. Тој е наjблизок со македонскиот jазик.
Бугарскиот јазик покажува неколку лингвистички иновации кои го одделуваат од другите словенски јазици - елиминација на падежни форми, појава на постпозитивен член, зачувување и понатамошно развивање на прасловенскиот глаголски систем и др.
Бугарскиот јазик е дел од Балканскиот Лингвистички Сојуз, кој го вклучува блискиот македонски, но исто така грчкиот, романскиот и албанскиот јазик, и некои источни српски дијалекти. Повеќето од овие јазици ги споделуваат карактеристиките споменати погоре (постпозитивен член, губење на падежот, сложениот глаголски систем) и многу други.
Содржина |
[уреди] Историја
Бугарскиот јазик има пет главни периоди:
- дописмен (прасловенски) - меѓу словенската инвазија (6 - 7 век) на Балканот и мисијата на светците Кирил и Методиј во Велика Моравија кон крајот на 9 век.
- ран или староцрковнословенски период, (9 – 11 век). Во бугарската лингвистика црковнословенскиот е познат уште и како старобугарски. Во македонската лингвистика, наспроти предлозите на неколку еминентни лингвисти, терминот старомакедонски не е усвоен, туку се употребува меѓународно прифатеното име црковнословенски или старословенски јазик.
- За почеток на црковнословенскиот јазик се смета создавањето на словенската азбука (глаголица) во 862 година од Константин-Кирил Философ (св. Кирил) и првиот превод на Библијата на јазикот на словенските племиња од околината на Солун.
- среден период (12 – 14 век). Во бугарската лингвистика познат како среднобугарски, кога Преславската рецензија била издигната на ниво на службен јазик на територијата на Второто Бугарско царство.
- Во овој период во црковнословенскиот јазик на Првото Бугарско царство претрпел големи промени - елиминација на прасловенските падежни форми (но зачувување на глаголскиот систем) и појава на постпозитивен член (развитокот во другите словенски јазици бил обратен). Така бугарскиот јазик почнал да се издвојува од црковнословенската основа и развил неколку значајни рецензии: Преславска рецензија во Бугарија, Охридска и Злетовско-Кратовска рецензија во Македонија.
- Во овој период Бугарите, како и другите јужнословенски народи, потпаднале под Отоманско ропство, и црковнословенскиот јазик се задржал само како јазик за црковна употреба.
- ново бугарски - кон крајот на 18 век, но најголемите промени настанале во средината на 19 век. За значаен датум се смета 1863 година кога за прв пат Библијата е во целост отпечатена на новиот бугарски јазик, заснован на североисточните говори од околината на Трново. Новобугарскиот јазик позајмил голем дел зборови од рускиот и црковнословенскиот, а многу од турските зборови били отстранети.
Историскиот развој на бугарскиот јазик може да се опише како премин од високо синтетички јазик (црковнословенскиот) кон типично аналитички јазик (новобугарскиот), со средна точка во овој процес претставена преку среднобугарскиот (Преславската рецензија).
[уреди] Азбука
Во 886 година Бугарија ја примила глаголицата, којашто била создадена од византиските мисионери Свети Кирил и Методиј нешто по 850 година. Во идните векови глаголицата постепено била заменета со кирилицата, која била создадена во Преславската книжевна школа во почетокот на 10 век. За нејзин создавач се смета Климент Охридски.
Повеќето од буквите во кирилската азбука се земени од грчката; оние гласови што немале грчки еквиваленти, се претставени со опростени глаголски букви. Под влијанието на печатени книги од Русија, руското граѓанско писмо на Петар I го заменило старото црковнословенско (среднобугарско) писмо на крајот од 18 век. Неколку кирилски азбуки со од 28 до 44 букви биле користени во почетокот и до средината на 19-тиот век за време на обидите за стандардизирање на новобугарскиот книжевен јазик. Азбуката со 32 букви предложена од Марин Дринов била прифатена во 1878 - 1879. Сегашната бугарска азбука има 30 букви:
А а | Б б |
В в |
Г г |
Д д |
Е е |
Ж ж |
З з |
И и |
Й й [Ј] |
К к |
Л л |
М м |
Н н |
О о |
П п |
Р р |
С с |
Т т |
У у |
Ф ф |
Х х |
Ц ц |
Ч ч |
Ш ш |
Щ щ [Шт] |
Ъ ъ [ə] |
Ь ь[Ј]< |
Ю ю [Ју] |
Я я [Ја] |
[уреди] Туѓи влијанија
[уреди] Влијание од рускиот јазик
Во епохата на бугарската национална преродба (бугарски: ,,Възраждането") и создавањето на Третата Бугарска држава, бугарскиот јазик потпаѓа под силно руско влијание. Дел од руската лексика којашто навлегува во овој период има црковнословенски корени и е "вратена" во новиот бугарски литературен јазик како старобугарска и црковнословенска. Сепак, паралелно со неа навлегуваат и голем број зборови со чисто руски корени.
[уреди] Влијание од македонските дијалекти
Во 19 век кога сеуште не постои јасна и формализирана разлика меѓу македонските и бугарските словенски дијалекти (т.е. ниту бугарскиот ниту македонскиот литературен јазик не се утврдени), бугарските лингвистички реформатори ќе го искористат македонскиот прилог на -јќи за бугарскиот литературен јазик. Овој прилог и денеска постои во бугарската литература.
[уреди] Некои бугарски изрази
- Здравей (zdravéi) — Здраво
- Здрасти (zdrásti) — Здраво
- Добро утро (dobró útro) — Добро утро
- Добър ден (dóbər dén) — Добар ден
- Добър вечер (dóbər vécher) — Добро вечер
- Лека нощ (léka nósht) — Добра ноќ
- Довиждане (dovízhdane) — Довидување
- Чао (chao) (неофицијално) - Пријатно
- Как си? (kák si) (официјално) — Како си?
- Как сте? (kák sté) (официјално, и уште plural form) - Како сте?
- Какво правиш? (kakvó právish) (неофицијално) — Што правиш? Како си?
- Какво правите? (kakvó právite) (официјално, уште plural form) - Што правите? Како сте?
- Добре съм (dobré səm) — Добар сум
- Всичко най-хубаво (vsíchko nai-húbavo) — Се’ најдобро
- Поздрав (pózdrav) — Поздрав
- Честит рожден ден! (chestít rozhdén den) — Среќен роден ден!
- Благодаря (blagodaryə́) (официјално и неофицијално) — Благодарам, (арх) Сполај ти
- Мерси (mersi) (неофицијално) - Фала
- Моля (mólia) — Молам
- Простете!, Извинете! (prostéte, izvinéte) (официјално) — Простете!, Извинете!
- Извинявай!/Извини! (izviniávai/izviní) (неофицијално) — Извини.
- Колко е часът? (kólko e chasə́t) — Колку е часот?
- Говорите ли ...? (govórite li...) — Дали зборувате ...?
- ...английски (anglíjski) —— англиски
- ...български (bə́lgarski) —— бугарски
- ...македонски (makedonski) —— македонски
- ...сръбски (srpski) —— српски
- ...гръцки (grə́tski) —— грчки
- ...френски (frénski) —— француски
- ...немски (némski) —— германски
- ...италиански (italiánski) —— италијански
- ...испански (ispanski) —- шпански
- Да (dá) - Да
- Не (né) - Не
- Може би (mózhé bí) - Можеби
- Ще се видим скоро (shté sé vídim skóro) - Се гледаме, Ќе се видиме
- Ще се видим утре (shté sé vídim útre) - Се гледаме утре, Ќе се видиме утре
[уреди] Надворешни врски
- [1] - Историја на преводот на Библијата на бугарски јазик.
- [2] - За преславската редакција на црковнословенскиот јазик.
- [3] - Старословенски скрипти