Ендоплазматичен ретикулум
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ендоплазматичниот ретикулум (латински: reticulum-мрежа) е органела која во клетката е претставена со систем на мембрански структури, кои најчесто се поврзани и формираат мрежа. Испреплетените мембрански структури на ендоплазматичниот ретикулум во цитоплазмата, овозможуваат континуитет со јадрената мембрана, со мембраните на Голџи системот и на другите органели.
Површината на мембраните на Е.П.Р. може да биде со рибозоми или без нив, па според тоа разликуваме груб (зрнест, грануларен) ендоплазматичен ретикулум и мазен (агрануларен) ендоплазматичен ретикулум, соодветно.
Е.П.Р. претставува внатрешноклеточен циркулаторен систем, низ кој се пренесуваат протеините, јаглехидратите и други материи. Зрнестиот Е.П.Р. учествува во синтезата на протеините.
Подобро е развиен ендоплазматичниот ретикулум во клетките кои покажуваат поголема активност, како на пример, во клетките на мускулите, а кај младите недиференцирани клетки (ембрионални и меристемски) е послабо развиен.