Население
Од Википедија, слободна енциклопедија
Постојат повеќе дефинирања на терминот Население. Во Социологијата и Биологијата, тоа се дефинира како збир на луѓе или организми од одредени видови, кои живеат на определена географска зона или простор, најчесто измерено врз принципот на цензус.
Во Биологијата, се изучува популацијата или населението на животните и растенијата, со особен осврт на Екологијата како биолошка гранка.
Во Демографијата се изучува човечкото население. Различни аспекти на човечкото однесување во рамките на населението се изучуваат во Социологијата, Економијата и Географијата.Науката за населението е поврзана секогаш со законите на променливите, па така заклучоците не секогаш се однесуваат на секој поединец од населението.