Најроби
Од Википедија, слободна енциклопедија
Најроби е главен град на Кенија. Тој представува економски и административен центар на државата и воедно е еден од најголемите градови во Африка. Од индустријата во градот преовладуваат прехрамбената, текстилната, индустрија за репроматеријали, за комуникациски системи и превозни средства. Како образовен центар на државата, Најроби располага со Универзитет (основан во 1956 година), Политехнички центар на Кенија (основан во 1961 година) и повеќе истражни институти.
[уреди] Знаменитости
Националниот парк Nairobi, огромен резерват на диви животни кој се наоѓа непосредно пред градот, претставува омилена дестинација на туристите. Доста посетени се и Националниот Музеј на Кенија (каде што може да се најдат остатоци од африканската праисторија), зградата на Парламентот, судот, зградата на општината, народниот театар и националната библиотека.
[уреди] Историја
Градот Најроби бил основан кон крајот на XIX век од страна на британските колонизатори. Тој првенствано служел како работнички логор за робовите кои ја граделе железничката линија Момбаса – Уганда. Од 1899 до 1905 Најроби бил главен град на една британска колонија. Во 1905 пак, бил прогласен за главен град на т.н. британски протекторат – „Источна Африка„ (од 1920 до 1963 познат како колонија Кенија). Дури во 1963, по осамостојувањето на Кенија, Најроби добива статус на главен град на оваа независна источноафриканска република. Најроби има околу 2,7 милиони жители.