Словачка
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ова е недовршена статија за географија. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка. |
Словачка е континентална земја. На север се граничи со Полска, на југ со Унгарија, на исток со Украина и на запад со Чешка и Австрија. Во овие граници зафаќа површина од 49000 km2 и на тој простор живеат околу 5,5 милиони жители.
Релјефот во Словачка е предимено планински. Планините зафаќаат површина од 75% од нејзината територија, а низините секако 25%. Најпознатите планини го зафаќаат северниот дел од Словачка. Тоа се Карпатите со највисокие планини Татри, потоа Словачките Рудни Планини и други. Карпатите се богати со шуми, пасишта и руди. Најзастапени се рудите на злато, сребро, бакар, железо, никел, антимон, манган, графит и друго. Низините во Словачка се наоѓаат во јужниот дел и југоисточниот. Тоа се северните делови на Панонската Низина.
Климата во Словачка е континентална и планинска.
Најголеми реки во Словачка се Дунав и Вах. На Вах се изградени најголемите хидроцентрали за добивање електрична енергија, а реката Дунав има најголемо стопанско значење.
Населението во Словачка го сочинуваат главно Словаци со 87%, Унгарци со 10% и 3% други народи. Главен град е Братислава. Тој е стар град и важно пристаниште на Дунав. Братислава е важен центар на хемиската (вештачки ѓубрива, вештачка свила, сулфурна киселина) и петрохемиската индустрија (бензин, мазива и др.).
Словачка е развиена индустриска и аргарна земја. Од земјоделските култури најмногу се одгледува шеќерна репка, пченица, хмељ, компир и друго.
Земји во Европа |
---|
Австрија | Азербејџан | Албанија | Андора | Ерменија | Белорусија | Белгија | Босна и Херцеговина | Бугарија | Ватикан | Германија | Грузија | Грција | Данска | Естонија | Ирска | Исланд | Италија | Кипар | Летонија | Литванија | Лихтенштајн | Луксембург | Малта | Молдавија | Монако | Норвешка | Обединето Кралство | Полска | Португалија | Република Македонија | Романија | Русија | Сан Марино | Словачка | Словенија| Србија | Турција | Украина | Унгарија | Финска | Франција | Холандија | Хрватска | Црна Гора | Чешка | Швајцарија | Шпанија | Шведска |
Земји членки на Европската Унија и кандидати за проширување | ||
---|---|---|
Австрија | Белгија | Велика Британија | Германија | Република Грција | Данска | Естонија | Ирска | Кипар | Летонија | Литванија | Луксембург | Малта | Полска | Португалија | Словачка | Словенија | Унгарија | Финска | Франција | Холандија | Чешка | Шведска | Шпанија | | ||
Земји кои ќе се приклучат во Јануари, 2007: Бугарија | Романија | ||
Земји со кандидатски статус: Република Македонија | Турција | Хрватска |