Ibanez
Од Википедија, слободна енциклопедија
-
- Оваа статија се однесува на производителот на гитари Ibanez. За листа на луѓе со името Ибањез, видете Ибањез.
|
|||
Слоган | Сè, освен традиционални. | ||
Тип | Приватна | ||
Основана | Нагоја, Јапонија (1981) | ||
Главен штаб | Бенсалем Пенсилванија, САД |
||
Клучни луѓе | Хошино Гаки, основач | ||
Индустрија | Музички инструменти | ||
Произведува | Гитари, басови, засилувачи итн. | ||
Веб-сајт | www.ibanez.com |
Ibanez (МФА: [aɪˈbænɛz] - според американскиот изговор) е корпорација започната од јапонскиот бизнисмен Хошино Гаки, кој го започнал својот бизнис продавајќи шпански гитари наречени Ibanez, а подоцна го купил името и започнал да продава гитари под тоа име во САД. Така денес Ибанез е производител на електрични и акустични гитари како и на акустични и електрични бас гитари со повеќе фабрики низ светот како низ Јапонија, Кина, САД. Одпрва гитарите на Ibanez биле копии на модели на Фендер и Гибсон и тие копии се денес ценети од колекционари и се наречуваат „lawsuit modelѕ“. Првите познати корисници на Ибанез во 70-тите години биле Стив Милер, Боб Вир (Grateful Dead) и Фил Линот (Thin Lizzy). Во текот на 80-тите години, и со стекнатиот реноме на копирање на ЕЅ-175 џез гитарата на Gibson, Ibanez постанува омилен инструмент на познатите џез гитаристи Џон Скофилд, Џорџ Бенсон и Пет Метини. Денес, Ibanez е потписник на договори со многу познати имиња од музичката индустрија како: Хед, Манки и Филди од KoЯn, Декстер Холанд, Нудлс и Грег К. од The Offspring, Дарон Малакиан од System of a Down, Бред Делсон од Linkin Park, и најзвучните имиња: Стинг, Стив Ваи и Џо Сатриани.