Амино киселина
Од Википедија, слободна енциклопедија
Амино киселините (понекогаш се пишува слеано - аминокиселина) се основните единици од кои се изградени протеините. Тие се амино деривати на карбоксилните киселини и имаат општа формула:
Од формулата се забележува дека секоја амино киселина покрај остатокот R, содржи најмалку две функционални групи - една амино (лево) и една карбоксилна (десно) група. Фенилаланинот е една од стандардните амино киселини:
Во структурата на амино киселините, амино групата во однос на карбоксилната група може да се наоѓа во различни положби. Во зависност од таа положба се разликуваат α, β, γ, δ итн. амино киселини.