Вистинска црква на Исус
Од Википедија, слободна енциклопедија
Вистинската црква на Исус е независна кинеска протестантска црква основана во Пекинг во текот на 1917 година. Денес таа има приближно 1,5 милиони членови во 39 земји и пет континенти. Седиштето на меѓународното собрание на црквата е во Лос Анџелес, САД. Нејзината цел е да го проповеда Евангелието на сите народи, особено во Израел.