Котону
Од Википедија, слободна енциклопедија
Котону е економскиот главен град на Бенин, како и неговиот најголем град. Според некои извори, овој град има околу 1,2 милиони жители. Урбаниот дел од градот продолжува да се шири, најзабележливо во западниот дел. Котону лежи во југоисточниот дел на земјата, помеѓу Атлантскиот Океан и езерото Нокоуе.
Во Котону има многу владини и дипломатски служби, иако официјалниот главен град е Порто Ново. Градот е најпознат како главно пристаниште, благодарение на Автономното пристаниште на Котону; исто така, Котону има свој аеродром и железничка линија до Параку. Знаменитостите на Котону се стадионот, катедралата во Котону, централната џамија и 20-хектарскиот пазар Дантокпа, кој има принос од милион франци секоја година. Националниот универзитет на Бенин се наоѓа во Котону. Друга позната знаменитост на овој град се такси-моторите познати како земидџанс.
Името "Котону" на фонскиот јазик значи "устата на реката на смртта".