Кремен
Од Википедија, слободна енциклопедија
Кремен или кварц е еден од најзастапените минерали во Земјината континентална кора. Има хексагонална кристална структура направена од тригонален кристализиран силициум (Силициум диоксид, SiO2), со тврдина која има вредност 7 според Мосовата скала. Густината изнесува 2,65 g/cm3.; Карактеристичен облик му е шестстрана призма која завршува во шестстрана пирамида, иако најчесто кременот не се наоѓа токму во овој облик. Кремен има многу вариетети, како аметистот, кварцениот геод итн.