Хари Костов
Од Википедија, слободна енциклопедија
Хари Костов (роден на 13 ноември 1959) е тековен Прв генерален директор на Комерцијална банка а.д. - Скопје и поранешен премиер на Република Македонија.
Како непартиска личност, по изборот на дотогашниот премиер Бранко Црвенковски за претседател на државата, Костов формира влада на 2 јуни 2004. Набрзо, на 15 ноември истата година, Костов поднесе оставка на функцијата премиер, по што Собранието за нов премиер го избра Владо Бучковски.
Премиери на Република Македонија | |
Никола Кљусев | Бранко Црвенковски | Љубчо Георгиевски | Бранко Црвенковски | Радмила Шекеринска (вршител) | Хари Костов | Радмила Шекеринска (вршител) | Владо Бучковски | Никола Груевски |