Љубчо Георгиевски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Љубчо Георгиевски (роден 17 јануари 1966 во Штип) бил прв претседател на ВМРО-ДПМНЕ, од нејзиното основање до мај 2003 година. Од 1998 до 2002 бил Премиер на Република Македонија. По несогласиците со тековниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, Георгиевски се повлекува од матичната партија и ја формира ВМРО-Народна партија, чиј е лидер во сенка.
Во 2006 год. Георгиевски добил државјанство на Република Бугарија и добил адреса во Благоевград, со што во Македонија и Бугарија предизвика бројни полемики околу вистинските мотиви за ваквиот чин.
[уреди] Надворешни врски
- Кој со кого ќе се помирува?, Љубчо Георгиевски одговара и полемизира на темата за национално помирување
Премиери на Република Македонија | |
Никола Кљусев | Бранко Црвенковски | Љубчо Георгиевски | Бранко Црвенковски | Радмила Шекеринска (вршител) | Хари Костов | Радмила Шекеринска (вршител) | Владо Бучковски | Никола Груевски |