Готфрид Лајбниц
Од Википедија, слободна енциклопедија
Готфрид Вилхелм фон Лајбниц (Лајпциг, 1 јули, 1646 - Хановер, 14 ноември, 1716) е германски философ, научник, математичар, дипломат, библиотекар, и адвокат со потекло од Лужичките Срби. Заслуга на Лајбниц е откривањето на математичката функција, која тој ја користел за да опише квантитет во однос на крива, како, на пример, положба на точка на крива и наведнатост на крива. Заедно со Њутн, тој е најзаслужен за развојот на современото диференцијално и интегрално сметање.